Во последниот квартал од 2022 година, работниците во Србија работеле во просек по 42,1 часа неделно. Ова е повеќе од сите земји на Европската унија, а е за 6,4 часа повеќе од просекот, покажуваат податоците на Евростат.
Во Европската Унија во последниот квартал од минатата година се работело во просек по 35,7 часа неделно. Во ниту една земја на ЕУ луѓето не работеле подолго од 40 часа неделно, а највисоко било во Грција (39,4 часа неделно).
По Грција, просечната работна недела најдолго трае во Романија (39,3 часа), Бугарија (39,1), Полска (38,9) и Латвија (38,3).
Најкратко работно време има во Холандија (31), Австрија (33), Данска (33,2) и Норвешка (33,2).