Институтот за национална историја – Скопје организира комеморативен собир во спомен на нивниот колега Јован Донев (1955–2026).
Комеморацијата ќе се одржи на 9 септември 2026 година (среда), со почеток во 11 часот, во просториите на Институтот за национална историја во Скопје.
– Со почит и благодарност ќе се потсетиме на неговиот животен и професионален пат, на неговото научно дело и придонесот кон македонската историска наука, како и на неговиот јавен, општествен и дипломатски ангажман и на трајното наследство што го остави меѓу нас – велат од Институтот.
