Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце денеска попладне ја организира манифестацијата „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ 2022, што воедно претставува и годишен концерт на друштвото. Покрај домаќините, на деветтото издание на манифестацијата учествуваат ансамбл „Гоце Делчев“ – Битола, ансамбл за народни игри и песни „Смедерево“, – Србија, КУД „Петровачки фолклорни ансамбл“ – Србија, Зурли и тапани „Ќустек“.
-На концертот ќе се претставиме со две групи, поголемата група со кореографиите „Роненка“, „Жетварка“ и „Ѓурѓовден“. Помалата група со „Тропнало оро“, „Црногорско оро“ и „Бувачанско оро“, изјави Бобан Трпковски од КУД „Кирил Пејчиновиќ“.
Деветтото издание на Манифестацијата „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ 2022 година започнува со дефилето на учесниците низ Тераце со почеток во 17:15 часот, додека заедничкиот концерт е со почеток во 18:00 часот во спортската сала на О.У. „Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце.