Како што објави Државниот завод за статистика, стапката на слободни работни места во третиот квартал годинава изнесува 1,69 проценти.
Највисока стапка на слободни работни места од 3,32 проценти има во секторот Л – Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,20 проценти.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,16 проценти.
Податоците на ДЗС покажуваат дека Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,17 проценти, со 647 работни места, по што следи Североисточниот со стапка од 2, 05, односно 466 работни места. Полошкиот регион е со најниска стапка на работни места, 0,93 отсто.