Турските власти уапсиле 147 осомничени припадници на џихадистичката група Исламска држава, изјави денес турскиот министер за внатрешни работи Али Јерикаја.

Апсењата се спроведени во 30 турски провинции, од вкупно 81, наведе министерот на социјалната мрежа Икс.

Од 1 јуни 2023 година во Турција се уапсени 2.919 лица кои се осомничени за врски со џихадистичката група, кажа министерот за внатрешни работи.

Агенцијата Франс прес вчера објави, повикувајќи се на турски безбедносни извори, дека двајца осомничени за учество во терористичкиот напад во Москва престојувале неколку недели на територијата на Турција и дека на 2 март отпатувале со авион во Русија.