Осумнаесет новинари се убиени во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. Ова го соопшти украинското Министерство за култура и информации, пренесува Би-Би-Си.
-Секоја смрт и други злосторства врз претставници на медиумите ќе бидат истражени, се вели во соопштението на Министерството.
Уште 13 новинари се повредени, осуммина се киднапирани или заробени, а тројца новинари се водат како исчезнати.
Министерството има информации дека се извршени злосторства против новинари од 11 земји, вклучително и Украина.