Познатото „вапорето“, со невообичаена црвена боја, застана на местото каде што обично бродовите стојат за туристите, додека граѓаните стоеја тивко чекајќи го својот ред за вакцинација, пренесува „Анса“.

Официјалниот претставник на министерството за здравство во Венеција, Едгардо Контато изјави дека таа е воведена со цел вакцината да се донесе директно кај постарите лица кои живеат во изолирани области на градот.

Како што е наведено, меѓу другите, биле вакцинирани постари граѓани од островите Сант Еразмо, Мурано и Изола дела Вињола.