Како што јави дописникот на МИА од Белград, според порталот Врање њуз, прва доза вакцина во овој град е аплицирана на 13.657 македонски државјани, на 24.161 граѓанин на Врање и останати места во Србија и на девет државјани на БиХ.
Што се однесува до втората доза, неа во Врање ја примиле 11.966 македонски државјани,
32.416 српски и 13 граѓани на БиХ. Трета доза на некои од вакцините, во Врање досега е дадена на вкупно 7.733 лица.
Ако се земат предвид вкупните бројки, најчесто е аплицирана кинеска вакцина Синофарм и тоа вкупно 62.711 пати за сите три дози (прва доза 28.965, втора 28.122 и трета 5.624). Потоа следи Фајзер, кој бил аплициран во вкупно 29.439 случаи (прва доза 15.139, втора 12.755 и трета 1.545), па рускиот Спутник В даден во 6.999 дози (прва 15.139, втора 3.146 и трета 571). Астра Зенека, која не беше достапна долго време, е аплицирана во 932 случаи (прва 455 и втора 477).
Инаку, вчера во Врање се вакцинирале тројца граѓани на Македонија.