Хорор-хитот „Тивко место 2“ (A Quiet Place Part II), во првиот викенд по премиерата заработи 48 милиони долари само во Северна Америка. Ова претставува рекорд во ерата на корона-пандемијата.
– Ова е извонредно отворање. Многу над просекот за продолжение на еден хорор. „Тивко место 2“ можеше да дебитира и со 60 милиони американски долари заработка, ако сите американски киносали беа отворени… Сепак, овој филм ќе заработи многу пари и ќе донесе огромна вредност на стрим-услугите, цени Дејвид А. Грос, одговорен за филмската консултантска фирма „Франшајз ентертејнмент рисрч“.
Филмот каде што во главните улоги се враќаат Емили Блант, Милисент Симондс и Ноа Џуп и, Џон Красински како режисер, покрај киносалите, за 45 дена ќе се пресели и на „Парамаунт плус“ – стрим-платформата на компанијата „Виаком ЦБС“.
Оценката за филмот на ИМДБ, засега е 8/10.