Свеченоста ќе започне со полагање свежо цвеќе од претседателот Стево Пендаровски и бројни делегации пред споменикот на Мечкин Камен и културно-уметничка програма на која ќе настапат Ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“, Ансамблот на албански народни ора и песни, Влатко Стефановски и настап на воениот оркестар на Армијата и пригодна реч на Никола Ристановски со пораки за Илинден.

Во Крушево присуствува и владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев, придружуван од првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Собраниска делегација исто така присуствува на централната свеченост, предводена од потпретседателот Фадил Зендели, а во состав Илија Николовски, Љупчо Балковски и Петар Ристески.