Во завршниот збор, Обвинителството истакна дека наместо МВР да направи директна набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК од фирмата ГАМА од Велика Британија, како најекономичен начин, тие договориле набавката да се изврши преку друга фирма – посредник Финзи ДООЕЛ Скопје, со што успеале да злоупотребат средства од буџетот на државата.
Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра.
Одбраната, пак, во завршниот збор наведе дека обвинението за случајот е засновано врз претпоставки, дека постапката ја води неовластен тужител и на судот му предложи да донесе ослободителна пресуда, со оглед дека јавните обвинители не го докажале обвинението.
Проследете во живо:
Aktvendimi për lëndën “Thesari”, të akuzuar janë Mijallkov, Jakimovski, Stojakoviqi dhe Grujevski
Aktvendimi për lëndën “Thesari”, të akuzuar janë Mijallkov, Jakimovski, Stojakoviqi dhe Grujevski
Пресуда за случајот „Трезор“, обвинети се Мијалков, Јакимовски, Стојаковиќ и ГрујевскиPosted by TV21 on Tuesday, April 13, 2021