Пред Владата во овие моменти се насобра народ од околу 90 илјади македонски граѓани кои имаат една единствена порака: „ПРЕМНОГУ Е – ДОЛУ ВЛАДА“.
Снимките од дрон и од камерите пред Владата ги потврдуваат најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека очекуваат бројка од околу 90 илјади граѓани од сите градови да се сплотат против оваа ненародна власт предводена од СДСМ.
Погледнете го масовниот протест на опозицијата во живо:
Наскоро се очекува и говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Одлуката за протестот ја донесе Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 17-ти минатиот месец, упатувајќи критики до власта за неспособност за соочување со економската и финанансиската криза придружена со постојан пораст на цените и висок процент на инфлација, зголемување на јавниот долг, неефикасна и неодговорна дипломатија за формален почеток на пристапните преговори со ЕУ…
Протестот започна со отворено студио пред Владата на кое се обратија партиски претставници кои изнесоа ставови за актуелните политички случувања, економијата, здравството, образованието….
Опозициската партија подолг период инсистира на одржување избори, а во Собранието спроведува и активна блокада на активностите.