Во просториите на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1), се одржува трибина насловена „Ценовен шок, сиромаштија и неспособна влада“.
Од партијата соопштија дека говорници на оваа трибина ќе бидат:
· Гордана Димитриеска Кочоска – потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ;
· Елена Маркова – претседател на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ;
· Гоце Димовски – претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар;
· Бојан Стојаноски – пратеник во Собранието на Република Македонија.
Настанот ќе го модерираат Марија Митева и Димче Арсовски, портпароли на ВМРО-ДПМНЕ. Трибината може да се следи во живо на официјалната Фејсбук страна на ВМРО-ДПМНЕ. Гo покануваме вашиот медиум да ја проследи трибината.