На делницата од Сеизмолошката станица до патот кон Сончев Град на Водно се поставува ново ЛЕД-осветлување, со што овој дел за првпат ќе биде осветлен и побезбеден за посетителите, информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Покрај новото осветлување, во изминатиот период се поставени заштитни огради, изведено е ново асфалтирање, а уредени се и пешачките патеки, клупите и летниковците.
Тој ги повика граѓаните да продолжат да го посетуваат Водно, но и да придонесат за негово зачувување, нагласувајќи дека уредувањето и одржувањето на јавните простори останува еден од приоритетите на градската администрација.
– Водно заслужува грижа. Скопјани заслужуваат убави, безбедни и уредени јавни простори, порача првиот човек на Град Скопје.
