Град Скопје доделува финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот во Венецуела, како искрен чин на солидарност кон пријателскиот народ, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Тој истакнува дека Скопје многу добро знае што значи болка по разорен земјотрес.
-Нашиот град ја носи таа лузна длабоко во својата историја, но ја носи и најсилната порака, дека кога е најтешко, човечноста мора да биде најгласна. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Скопје не остана само. Светот подаде рака, народи од сите континенти помогнаа градот повторно да се роди од урнатините, а меѓу првите земји кои застанаа со помош и солидарност беше токму Венецуела. Тоа Скопје не го заборава. Токму затоа, денес, кога народот на Венецуела се соочува со последиците од земјотресот, Град Скопје возвраќа со човечност, почит и поддршка, истакнува скопскиот градоначалник.
Скопје памети.
