За 41 сантиметар денеска е понизок водостојот на Црн Дрим во однос на вчерашниот ден, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Повисоко е нивото на Вардар кај Скопје и тоа за 21 сантиметар и за четири сантиметри кај Јегуновце.

Кај трите природни езера во земјава нема поголеми промени во споредба со вчерашните мерења.