САД и Украина интензивно работат на дипломатски решенија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, пред денешниот состанок на Кабинетот во Вашингтон, ја опиша војната во Украина како „хаос“ и нагласи дека не е лесно да се најде решение.
– Се обидуваме да го решиме тоа. Јас решив осум војни. Ова би била деветта, а нашите луѓе се во Русија во моментов за да видат дали можеме да ја решиме, рече Трамп.
– Не е лесна ситуација, да ви кажам. Каков хаос, додаде тој.
Зеленски позитивен околу брзината на преговорите
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, кој е во државна посета на Ирска, на настан во Даблин оцени дека брзината на мировните преговори и интересот на САД даваат причина за оптимизам.
„Малку оптимизам, според мене, беше (пронајден) поради одредена брзина на преговорите и интересот од американската страна“, рече Зеленски.
„Тоа покажа дека Америка сега не се повлекува од каков било дипломатски начин на дијалог и тоа е добро“, заклучи украинскиот претседател.
САД во директен контакт со Русија
Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, во моментов се на средба со рускиот претседател Владимир Путин. На средбата се разгледува мировниот план предложен од САД, со цел да се најде дипломатско решение за конфликтот.
Трамп и неговиот тим ја нагласуваат важноста на директниот дијалог, додека Зеленски ја гледа американската активност како сигнал за поддршка на дипломатскиот процес.
