Британскиот министер за одбрана Бен Волас денеска изјави дека „Русија не успева во многу области од војната во Украина“ и дека е можно претседателот Владимир Путин повторно да ја промени стратегијата.
„Русите моментално трпат неуспеси на теренот во многу области. Плановите А, Б и В на Путин пропаднаа и можно е тој да се префрли на планот Г“, изјави Волас за телевизијата Скај њуз.