Целта е, како што појаснуваат, да се изврши увид во состојбата од аспект на асептични улови и постапки при вршењето на хирушките интервенции.
Надзорите се вршат во соработка со ЈЗУ Институт за јавно здравје. ДСЗИ за прв пат воведува ваква активност со користење на апарати и медицински средства (брисеви) кои до сега при надзорите не се користени, а ќе може да укажат на органска контаминација на опремата и приборот во здравствените установи. Врз основа на добиените резултати, на местата каде постои можност од бактериска контаминација, екипата од ИЈЗ зема брисеви и друг материјал за микробиолошко испитување, велат во објавата од ДСЗИ.
Вчера и денес, инспектори од ДСЗИ извршија надзори во оперативните блокови во ЈЗУ УК за очни болести, уво, нос и грло, дигестивна хирургија, трауматологија, урологија, пластична и реконструктивна хирургија, неурохирургија, детска хирургија и торакалана и васкуларна хирургија.
Со акцијата е планирано да бидат опфатени здравствените установи кои имаат оперативни блокови, односно универзитетските клиники, клиничките болници, специјализираните болници, општите болници, а во втора фаза и ендоскопските кабинети, асептични сали.