Вонредна состојба во Албанија: Критично во приморското летувалиште Борш
Веќе трет ден низ цела Албанија беснеат шумски пожари, а најтешко е погоден јужниот дел од земјата, особено приморското летувалиште Борш на брегот на Јонското Море. Пламените јазици, кои избиле во текот на минатата вечер, се прошириле кон куќи и хотели, заканувајќи се директно на жителите и туристите.
Евакуација и интервенција од воздух
Според Министерството за одбрана на Албанија, утрово се евакуирани 40 лица, меѓу кои и туристи, јавува агенцијата Анса. Во гаснењето се вклучени над 200 припадници на цивилна заштита, пожарникари и воени сили, а поддршка даваат и два воени хеликоптери. Покрај нив, вчера на теренот дејствувал и канадер од Италија, специјализиран авион за гаснење пожари. Затоа, вонредна состојба во Албанија.
Emergenza #incendi in #Albania: fiamme fuori controllo, evacuazioni e interventi internazionalihttps://t.co/Yg2W3h39Q8
— MeteoWeb (@MeteoWeb_eu) July 26, 2025
Апсење под сомнение за подметнување
Во околината на градот Валона, особено во населбата Канина, состојбата е ставена под контрола. Во текот на ноќта, албанската полиција уапсила едно лице – пастир, под сомнение дека го подметнал пожарот. Албанските власти продолжуваат со борбата против огнената стихија, додека туристите и локалното население се во состојба на зголемена претпазливост.
Извор: Б92