Претставник на полицијата изјавил дека најверојатно станува збор за семеен конфликт, објави Ју-ес-еј тудеј. Осомничениот прво застрелал една жена, а потоа избегал. Кога другите четири жени се обиделе да ѝ помогнат на жртвата, напаѓачот се вратил и ги застрелал.

Полицијата во Норфолк на Твитер објави дека осомничениот е приведен, без да даде повеќе детали.

Околу 1 300 луѓе годишно умираат во семејно насилство во САД, покажуваат податоците од студијата спроведена од Медицинскиот факултет на Универзитетот „Емори“ во Атланта.

Авторите на студијата изјавија дека 59,1 отсто од масовните престрелки во периодот од 2014 до 2019 година биле поврзани со семејно насилство.