Во периодот од 20 – 26 август на армискиот полигон „Криволак“, припадници на Вооружените сили (ВС) на САД кои се дел од мисијата КФОР во Косово изведуваат обука и гаѓање со два воздухоплови од типот УХ-60 „Блек Хок“, информираат од АРМ.
-Овој вид на вежбовни активности на АП „Криволак“, на припадниците на Вооружените сили на САД во рамки на мисијата КФОР кои се реализираа и претходно, ги потврдува и промовира можностите кои ги дава овој наш најголем капацитет за изведување вежбовни активности од страна на вооружени сили на странски држави, се вели во соопштението.
Претходно, АП Криволак ги исполни сите побарувања кои ги бараат овој вид на активности, а истото се потврди и со изведување на најголемата воена вежба со воздухоплови „Брз одговор 22“.
Армијата на Република Северна Македонија покрај овозможување на непречено користење на полигоните и стрелиштата на АП „Криволак“, за време на активностите ја овозможи и потребната воено полициска придружба за време на транспорт на припадниците на ВС на САД, и доколку е потребно обезбедува соодветна медицинска и логистичка поддршка на активностите.
Активноста се изведува согласно одлуката на 68 седница на Владата, со која е одобрено влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на Соединетите Американски Држави на Армискиот полигон Криволак.