СВР Тетово денеска спроведе акциска контрола за санкционирање непрописно престигнување, во рамки на која вкупно биле санкционирани 39 прекршоци ( 25 на територија на Тетово и 14 на територија на Гостивар), соопштија од тетовската полиција.

– Прекршоците се санкционирани со адекватни поднесоци. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од СВР Тетово.