Вчера околу 07.20 часот во СВР Куманово е пријавено дека околу 07.20 часот на пругата во близина на Железничка станица Романовце, патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Табановце, удрил во едно лице мигрант, кое се движело со уште три лица- мигранти по и покрај пругата.

Како што информираат од МВР, возот застанал на местото на незгодата, но мигрантите избегале.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.