Синоќешните мерења на загаденоста на воздухот со ПМ10 честичките покажуваат двојно и тројно зголемена загаденост по дозволените 50 микрограми на кубен метар воздух, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина.

Во Скопје на сите мерни места загаденоста на воздухот е поголема од максимално дозволените вредности. Мерната станица кај Лисиче покажа најголема загаденоста на воздухот со ПМ10 честички – 133 μg/m3, а во Центар 98,54.

Од другите градови високи концентрации со ПМ10 честичките во воздухот регистрирани се и во Кавадарци 113,6, Кичево 122,9, Битола 92, а високи се вредностите и во Струмица, Куманово, Охрид, Гостивар.