Осквернавено е гробното место на водителот Зоран Василевски – Зоки Фаци, кој неодамна почина по долга и тешка борба со ракот. За нечовечното дело сподели неговиот пријател Стефан Лазаров.

Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи… Па добро бе , остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота! Случајот е пријавен од семејството на Зоки и се надеваат дека од Министерство за внатрешни работи во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите и ќе бидат казнети за во иднина да не се случуваат вакви одвратни дејствија…, сподели Лазаров.

Јавноста упати бројни критики за овој монструмски потег.