Во нападот сериозно е повредена и сопругата на претседателот и лекарите се борат за нејзиниот живот.

На социјалните мрежи е објавено видео, во кое толпата ги носи ракрвавените и претепани воени платеници низ сиромашните квартови на Порт-о-Принс.

На снимката се гледа како двајца осомничени колумбиски платеници врзани се влечени низ улиците. Еден од нив е без кошула и облеан во крв, додека граѓаните ги следеа и им викаа.

Привремениот премиер Клод Жозеф, кој треба да биде сменет неделава, вчера прогласи вонредна состојба во земјата поради атентатот и ја презеде власта во земјата. Меѓутоа, оваа одлука ја оспори човекот кого Моиз го постави за свој наследник, односно главниот функционер за коронавирусот во земјата, Ариел Анри.