На видеата може да се видат бројни деца како трчаат под камионите во движење, а на малиот грб носат вреќи со потребната стока, пренесува Би -Би -Си.
“Опасно е, но подобро е отколку да умреме од глад. Татко ми е болен, мораме вака”, вели едно од момчињата, кое секојдневно го ризикува животот на овој начин и открива дека може да заработи и до 7 долари од оваа опасна работа.
Стоката што ја носат најчесто се слатки и цигари.
“Оние што ни ја даваат стоката ни кажуваат каде да ја доставиме. Тие се главно сопственици на продавници во Пакистан и ни даваат пари за стоката”, објаснува тој.
Пакистан ги заострил контролите на границата откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан, што им го отежнува преминувањето на границите на возрасните.
Талибанците, пак, гледаат на опасноста во која се наоѓаат децата секој ден, но не ги спречуваат, вели Би -Би -Си.
Пакистанските безбедносни сили ги враќаат од границата, но доволно само за да им дозволат да се вратат во Авганистан на ист начин – под камион.
“Никогаш не сум бил повреден, но познавам девојка која почина. Седеше на моторот. Јас никогаш не сум седел на мотор. Таа беше тешко повредена. Ја оперираа, но не успеаја да ја спасат. Таа почина”, вели едно мало момче.
Група деца кои се согласиле да разговараат со новинарите откриваат дека ризикот од прегазување не е единствената опасност.
“Возачите на камиони се лутат и не` тепаат кога ќе не` фатат, но ние мораме. Ова го правиме за да ги нахраниме семејствата”, вели едно од момчињата.
Како што велат, тие понекогаш носат стока произведена од нивните семејства и ја продаваат на блискиот пазар.
И кога ќе ги земат парите, се надеваат дека ќе можат да ползат под камион и да се вратат дома.