Во разорниот земјотрес што ја погоди Турција се урнаа повеќе од 2.818 згради, соопшти претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

На повеќе снимки објавени од светските медиуми се гледа како зградите се уриваат пред силата на природата.

Според последните податоци, од земјотресот во Турција загинале најмалку 1.498 лица, а во Сирија најмалку 810.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јужна Турција, а беше почувствуван во голем дел од земјата, како и во неколку земји во регионот, меѓу кои и соседна Сирија.

Според Американскиот сеизмолошки институт УСГС, околу 11:25 часот земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодил областа Кахраманмараш.

Областа погодена од земјотресот во Турција и Сирија

Драматични снимки од рушење згради беа објавени и на социјалните мрежи.