Незадоволни од доцнењето на платите во здравството поради хакираниот систем на ФЗОМ, денеска дел од вработените во ГОБ 8 Септември излегуваат на мирен протест.
Протестот ќе се одржи денес во дворот на болницата, за време на паузата од 13 до 13.30 часот.
Веќе две недели поминаат од хакирањето на базата на ФЗОМ, поради што не функционираат повеќе сегменти од системот, меѓу кои е и исплатата на платите на медицинскиот персонал, но и породилното и другите боледувања.