Во краткото церемонијално обраќање, Ризов на сите им посака успешна работа и плодна соработка при носењето на одлуки во интерес на сите граѓани на Општина Гевгелија.

Советот на Општина Гевгелија брои 19 членови од кои, според освоените гласови, девет советнички мандати освои ВМРО-ДПМНЕ, седум мандати му припаднаа на СДСМ и по еден освоија Независната лита на Томе Кичуков, Левица и движењето „Одлучно за промени“.

Конститутивната седница на новиот гевгелиски Совет е најавена за крајот на неделава.