Еден од најпрепознатливите гласови во македонското спортско новинарство, Перо Момировски, вечерва се враќа во коментаторската кабина по подолга пауза и ќе ја пренесува првата утакмица од Светското првенство во фудбал.
На телевизија „Арена“, Момировски ќе го коментира на македонски јазик историскиот меч меѓу Мексико и Јужна Африка, кој го отвора мундијалот.
Со својот препознатлив стил, детална анализа и емоционална енергија, Момировски кој кариерата ја почнал во 1992 во Македонското радио низ годините стана омилен кај македонските љубители на фудбалот но од пред десетина години со запирањето на фудбалски преноси на македонските телевизии тој не беше присутен на телевизиски преноси.
Неговото враќање претставува вистински подарок за публиката, особено во моментот кога почнува најголемиот спортски настан на планетата.
Публикацијата на „Арена“ најави дека Момировски ќе биде дел од нивниот тим во текот на целиот турнир, а вечерва во 21 часот македонските гледачи ќе можат да го слушнат неговиот глас во директен пренос.
Арена Спорт Македонија собра силен коментаторски тим за Мундијалот 2026
Освен Перо Момировски, кој вечерва го отвора турнирот со мечот Мексико – Јужна Африка, натпреварите од Светското првенство на Арена Спорт Македонија ќе ги коментираат и следниве одлични искусни спортски новинари и коментатори:
Тони Стојановски (главен и одговорен уредник и еден од водечките гласови)
Горан Стерјов
Зоран Мишевски
Дамјан Николовски
Југослав Костовски
Александар Табаковски
Марија Коцева
Игор Паневски
Златко Андоновски
Иван Димовски
Тимот брои околу десетина коментатори, претежно искусни професионалци кои доаѓаат од МРТ и други македонски медиуми.
Ова е првпат по 52 години МРТ да не пренесува мундијал, па Арена Спорт Македонија ја презеде улогата со целосно македонски коментар за сите 104 натпревари.
Извор: Expres
