Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб, вдолж Повардарието умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени. УВ индексот 8, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 степени.

В недела ќе преовладува облачно време, во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе се задржат и во следните два дена. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурата до средината на наредната седмица ќе биде во опаѓање.