Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност – е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денешниот ден. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе биде од 12 до 18 Целзиусови степени, а во текот на денот од 27 до 36 степени. УВ-индексот денеска ќе биде 9.

Во Скопје, веремето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе биде од 16 Целзиусови степени наутро до 35 степени во текот на денот.

За утре синоптичарите прогнозираат сончево и многу топло време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. УВ-индексот ќе биде 8. Температурата утре ќе биде до 37 Целзиусови степени.