УХМР најавува нестабилен викенд со локални невремиња

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно, со умерен до засилен ветер од северен правец кој локално ќе надминува 50 километри на час, соопшти УХМР.

Според најавите, утре и во текот на викендот на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, со појава на невреме, пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер над 60 километри на час и услови за град.

Во понеделник се очекува изолирана појава на пороен дожд и грмежи на одделни места.