Врховниот суд го одби барањето на порaнешниот премиер, Никола Груевски за вонредно преиспитување на пресудата за случајот „Плацеви на Водно”, објави Фокус.
Со оваа одлука тој ги исцрпи сите правни лекови за овој случај и ако се врати ќе мора да ја одлежи деветгодишната затворска казна на која последно го осуди Апелациониот суд.
-Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 20.12.2023 година одлучуваше по поднесено Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот КВП-КОК2-16/23 познат во јавноста како „Плацеви на Водно“.
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе Пресуда со која барањето на осудениот Н.Г. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.63/21 од 21.04.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.127/22 од 14.02.2023 година, го одби како неосновано – соопшти Врховниот суд попладнево.
Исто како и во случајот „Транспортер”, судот констатирал дека даденото помилување непроизвело правно дејство.