Српскиот претседател Александар Вучиќ ја отфрли можноста за формирање преодна влада. Тој нагласи дека владејачката Српска напредна странка (СНС) нема волја за таков чекор.

Употреба на звучен топ во Белград: ФСБ ќе истражува дали Вучиќ вршел политички терор над демонстрантите

Во гостувањето на ТВ Пинк, Вучиќ откри дека испратил покани до носителите на изборните листи за консултации околу формирањето на новата влада. Според него, пет до шест политички субјекти веќе потврдиле учество во разговорите, кои ќе завршат најдоцна до 5 април.

„Ќе разговараме со сите пријавени листи, а потоа ќе чекаме конечна одлука од СНС. Јас не сакам нови избори, но едно е сигурно – преодна влада нема да има“, истакна Вучиќ.

Оваа изјава претставува директен одговор на опозициските барања за формирање преодна влада, кои сега, според Вучиќ, се беспредметни.

Извор: а1.он