Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска соопшти дека имал добар и отворен разговор во Атина со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за сите важни прашања, како за Србија и Украина, така и за целиот регион и светот.

„Добар и отворен разговор со претседателот Володимир Зеленски за сите важни прашања, како за Србија и Украина, така и за целиот регион и светот. Ги разгледавме настаните во Украина и Косово и уште еднаш истакнав дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина, што јасно и недвосмислено го кажуваме од почетокот на конфликтот“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Вучиќ се сретна со Зеленски во Атина, каде синоќа присуствуваше на неформална вечера за лидерите на Западен Балкан.