Твитер означи 11 медиуми во Србија како „медиуми што соработуваат со Владата“ и најави дека нема да ги препорачува на своите корисници.
Како што објави Н1, Вучиќ не гледа што е тука спорно.
– Па со кого ќе соработуваат? Со магнати, криминалци и крадци? Најнормално е тие да соработуваат со Владата. Ние ги плаќаме повеќето од тие медиуми, како држава. И тие ги плаќаат Гласот на Америка, Би -би -си, а не ги означија како владини медиуми. Ова води кон друго прашање, кој е, всушност, тука вистинскиот цензор. „Така што, едвај чекам да се исклучи мојот налог и да бидам уште еден Трамп во светот, вели Вучиќ.
Твитер, како што пренесува Н1, ги означи налозите на телевизиите РТС, Пинк, Прва, Б92 и Хепи, како и на новинската агнеција Танјуг и на печатените весници „Курир“, „Информер“, „Политика“ и „Српски телеграф“ како „медиуми што соработуваат со Владата на Србија.
Српското министерство за култура реагираше дека е изненадено од овој потег на дсоцијалната мрежа.
Пролетта минатата година, Твитер соопшти денеска дека се избришани над 8 500 налози за промоција на Вучиќ и владејачјата Српска напредна странка. Тогаш, беа избришани и налози поврзани со владејачките партии во Египет, Хондурас, Индонезија и Саудиска Арабија.