Денешната средба меѓу српскиот претседател и унгарскиот премиер заврши на маса за билијард. Александар Вучиќ и Виктор Орбан денеска разговараа за геополитичката ситуација, заедничките планови и проекти, по што си ги одмерија силите на зелената маса.
Како што објави српскиот претседател на Инстаграм, состанокот траел три и пол саати.
„После три и пол саати разговор за сите стратешки прашања на соработка меѓу Унгарија и Србија, одигравме пријателска партија. Се гордеам со пријателството меѓу Србите и Унгарците и благодарен сум му на Виктор Орбан што вложи многу труд и енергија ова наше пријателство да биде суштинско и искрено“, напиша Вучиќ.
Орбан, пак, во контекст на тоа на својот твитер профил напиша дека односите меѓу двете земји денес се на највисоко ниво.