– Ми се чини дека секој човек се бори со денови, недели, месеци, понекогаш и години, додека не се распадне, додека не донесе одлука, а тешките одлуки не се носат лесно од одговорни и сериозни луѓе, напиша Вучиќ.

Тој додава дека кога ќе се донесе одлука, се чувствува „необичен мир“.

– Меѓутоа, кога донесувате одлука, чувствувате необичен мир и спокојство, бидејќи знаете дека сте го направиле не најдоброто, туку единственото можно. Нашата одлука е јасна и цврста како камен, ние ќе го заштитиме и браниме својот народ на Косово и Метохија. Нема повлекување! Предавањето не е опција! “Да живее Србија”, напиша Вучиќ.

Тој исто така, рече дека за време на вчерашните разговори со Србите на Косово, на специјалниот претставник на Европската унија за преговорите помеѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, му нагласил „да ја зауздаат Приштина и ако тие не се во можност – ние ќе ги зауздаме“.