Вучиќ рече дека Милан Радоичиќ ќе одговори на поканата на надлежните органи на Република Србија и дека е убеден дека ќе биде сослушан.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ се наоѓа на територијата на централна Србија, дека не е ранет и дека ќе биде сослушан, пренесува агенцијата Бета.
Радоичиќ никогаш не ги криел своите улоги, тој е на територијата на централна Србија, не е ранет и ќе биде испрашуван, тој е човек кој се смета себеси за борец за слобода, но има прашања на кои ќе треба да одговори. Вучиќ во интервју за Радио-Српската телевизија (РТС).
МУП на Косово објави видео на кое наводно се гледа како Милан Радоичиќ, потпретседател на Српската листа ја предводи вооружената група која уби косовски полицаец за време на нападот во неделата.
„Тој дефинитивно ќе одговори на поканата на надлежните органи на Република Србија, убеден сум дека ќе биде сослушан… Република Србија и нејзините надлежни органи ќе си ја завршат работата.
Тој рече и дека е лага дека е убиен телохранителот на шефот на Безбедносно-информативната агенција Александар Вулин, како што наведуваат косовските власти, бидејќи „тој човек еден ден го чувал Вулин на Косово при посета, кога бил директор на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија.“ .
„Нема да има колони како од Карабах“
Тој рече и дека за него „никогаш нема да има српски терористи кои загинале во вооружена пресметка со косовската полиција“ во неделата наутро во Бањска. Тој додаде дека се работи за три семејни лица со „две, три деца“.
За мене, како претседател на Србија, никогаш нема да има терористи“, изјави Вучиќ.
Тој најави и дека официјален Белград ќе побара снимка од дрон како е убиен косовскиот полицаец.
„Не било планирано“, рече претседателот на Србија и посочи дека „нема оправдување за убиство на полицаец“.
Претседателот на Србија рече и дека „нема да има бегалски колони Срби“ од Косово како Ерменците од Нагорно Карабах, „иако многумина тоа го сакаат и очекуваат“.
Вучиќ додаде дека формирањето на заедница на српски општини на северот на Косово би значело дека „тамошната полиција е во српски раце, што Курти не го сака“, и најави натамошна борба.
Според него, графитите со наслов „кога војската ќе се врати на Косово“ што се појавуваат во Србија согласно резолуцијата 1244 и за враќање на до 1.000 српски војници и полицајци според таа резолуција, вели дека меѓународната заедница нема да дозволи тоа.
Ден на жалост
Вучиќ изјави дека ден на жалост во Србија е прогласен поради смртта на сите лица во вооружениот конфликт на северот на Косово, не само на Србите, оспорувајќи го ставот на албанскиот премиер Еди Рама дека тоа е неприфатливо и неевропско.
Вучиќ за РТС изјави дека Ден на жалост во Србија е прогласен поради убиството на тројца Срби и косовскиот полицаец, Африм Буњаку, во конфликт во областа на селото Бањска на 24 септември, додавајќи дека Рама „не ја вистината“ и дека „не е првпат да не ја кажува вистината“.
„Денот на жалост е прогласен поради смртта на сите луѓе, сите се државјани на Србија од гледна точка на Уставот на Србија. Мислам дека тоа е цивилизирана, сериозна и одговорна одлука. „Рама не ја кажуваше вистината, точно е дека српските општини на север (на Косово) прогласија жалост само поради убиените Срби, но тоа не е случај овде“, рече српскиот лидер.