Вучиќ по повод одлуката за забрана за негирање на геноцидот во Сребреница, оцени дека „наметнувањето и октроирањето одлуки однадвор никогаш не може да донесе добри резултати”.

– Внимателно ги следиме настаните во Сараево и Бања Лука и се плашам дека атмосферата во БиХ е најжешка од крајот на војната и потпишувањето на Дејтонскиот договор, изјави Вучиќ пред новинарите, оценувајќи дека е време Србите и Бошњаците да почнат да разговараат како да соработуваат, а не да дејствуваат едни против други.

Тој повтори дека мирот во регионот е предуслов за каков било напредок и им порача на оние што велат дека РС „губи” дека „никогаш не победил оној на кого странецот му помогнал во наметнувањето одлуки на Србите”.

Вучиќ најави дека на 4 август во Бусија кај Батајница ќе биде одбележана 26-годишнината од прогонот на Србите во хрватската операција „Олуја”, која тој ја нарече најголемо етничко чистење во Европа по Втората светска војна, како и дека тогаш ќе разговара со Раководството на РС.