Како што кратко соопштија од прес службата на срспкиот претседател, Вучиќ во разговорот со Борел посочил дека „Србија ќе продолжи да ги почитува сите договори кои ги има потпишано, сите меѓународни правни прописи и дека ќе продолжи да го поддржува регионалниот мир и стабилност и покрај неодговорното, несериозно и криминално однесување на приштинските власти“.
Борел „повика на трпение, одржување мир и продолжување на дијалогот во Брисел“, се наведува во соопштението.
Претходно, шефот на европската дипломатија изјави дека продолжува внимателно да ја следи ситуацијата на северот на Косово и им порача на двете страни дека сите дополнителни провокации или еднострани и некоординирани дејствија се „неприфатливи“, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).
– Србија и Косово мора безусловно да ја деескалираат ситуацијата на терен со итно повлекување на специјалните полициски единици и отстранување на блокадите на патиштата, изјави Борел.