Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.
Средбата се одржа во зградата на Претседателството, а претседателот објави порака на Инстаграм.
„Тежок и смислен разговор со Мирослав Лајчак. Ќе ги продолжиме разговорите за Косово и Метохија и европската иднина на Србија вечерва и утре. Да живее Србија!“ напиша Вучиќ.
Лајчак дојде во Белград по минатонеделната посета на Приштина, како дел од подготовките за претстојната средба на српскиот и косовскиот лидер во Охрид на 18 март.
Тој денеска и утре ќе биде во Белград.