Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа изјави дека просечната плата во Србија во 2027 година ќе достигне 1.400 евра и затоа очекува во неа да се вратат поголем број луѓе кои ја напуштиле Србија.

Вучиќ одговори на новинарско прашање за да ги коментира тврдењата на движењето „Оди-промени“ дека манипулира со бројот на млади кои сакаат да се вратат во Србија и дека младите би се вратиле доколку просечната плата е 166.000 динари.

Вучиќ рече дека оваа сума во евра е токму онаа што Србија ќе ја обезбеди како просечна плата во 2027 година, која, како што наведе, ќе биде многу повисока за Белград.

Просечната плата во Врачар во декември беше 1.483 евра, а 1.400 евра ќе биде просечната плата во Србија во 2027 година, само согласно програмите, согласно сето она што им го кажавме на граѓаните на Србија. И токму затоа очекуваме што поголем поврат – рече Вучиќ во своето обраќање до граѓаните.