Чекам ретроактивна исплата на стипендија. Бев во МОН во ноември ми рекоа дека до крај на декември ќе ми биде исплатена. Немаше ништо на сметка. Отидов пак во февруари. Вработениот кој едвај зборуваше македонски ме увери дека до крај на февруари истата ќе ми биде префрлена на сметка. Повторно ништо. Одам завчера повторно во МОН. Ги напнав до каде е стипендијата. Не дека тие пари ми се неопходни, но штом се мои сакам да ги земам. Од таму повторно ладен туш. Овој пат ми рекоа дека ме немале во систем.

Пишува: Никола НИКОЛОВСКИ

Шуткање, преписки, префрлање на одговорноста. За на крајот да ми кажат дека стипендија НЕМА да добијам. Веројатно никогаш нема да ги видам тие пари. Не ни мора да добијам. Мора само едно нешто – да падне оваа власт!

Ситуацијата во МОН ако треба да се опише накратко е: Ветуваа ретроактивна исплата – ја нема. Селективно исплаќаат. Од четворица другари кои чекаме на тројца ни ја немаат исплатено. Предизборни лаги. Во МОН не знаат да зборат македонски. Хаос и неорганизираност на кадрите на ДУИ. Министерот Јетон Шаќири единствено нешто што направи во овој мандат е дека жена му ја прошета низ цел свет со народни пари. А не дека и Мила Царовска беше многу подобра. Но, за овој сега? Царовска за Шаќири е Алберт Ајнштајн.

Го спомнав Ајнштајн? Ах, па го имаме на чело на Влада. „Командант Форина“ 2 отсто не се замара со Македонецот во оваа држава. А ние? Пасивни, пиеме кафе, а патриотизмот ни се јавува после третата чаша алкохол кога ја пееме „Бисер Балкански”.

И сега слушам. „ВМРО да се врати на власт за да ни го врати името”. Сѐ океј, #НикогашСеверна е слоган кој го почитувам 100%, но дајте бе прво да си ги вратиме институциите. Па после да зборуваме за враќање на името. Ваквите неспособни идиоти мора еднаш засекогаш да паднат од власт. Друг избор нема.

Боемот 2.0

Целата објава погледнете ја ТУКА.