Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПДП) прави план за изградба на нови станбени згради во Битола, Штип и Скопје, со цел да се регулира цената на станбениот квадрат, бидејќи токму ова јавно претпријатие треба да е регулатор на цената на станбениот квадра најави денеска од Штип, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.
Тој истакна дека последната комерцијална зграда од страна на ЈПДП во Битола е изградена пред 13 години, а во Штип какошто рече веројатно и никој не се сеќава кога.
А улогата на ова јавно претпријатие е да ја регулира цената на пазарот со цел градежниците да неможат да имаат екстремно високи цени, да имаат монополи и на тој начин да го цицаат народот. За Битола најавивме дека ќе одиме со цени кои ќе се за 30-40 проценти пониски од тоа што е пазар во моментот – вели Николоски.
Тој најави дека работат и интензивно на проектот „Купи или изгради куќа за млади“, каде за купување или изградба на куќа за млади брачни двојки ќе има големи поволности, кои ќе покриваат и до 50 проценти од трошоците за изградба или за купување.