Бугарската Влада, денеска во 15 часот, ќе одржи седница, соопшти прес-службата на оваа институција.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на дневен ред е разгледување на извештајот за одобрување на позицијата на Бугарија за учество на состанокот на Европскиот совет на 23 и 24 јуни во Брисел, вклучително и ставот на Бугарија за учество на самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи утре пред пладне.

Во исто време е соопштено дека бугарскиот премиер Кирил Петков ќе отпатува во Брисел на самитот ЕУ-Западен Балкан, организиран од француското претседателство со ЕУ, по што ќе следи средба на шефовите на влади на земји од ЕУ.