Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 2 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не бил примен нов болен, а 6 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 36 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 35 болни.
Вкупно 699 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.